Connect with us

Хесе Родригез ќе ја засили Сампдорија

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, Хесе Родригез ќе биде ново засилување на Сампдорија. Тој ќе потпише договор до крајот на сезоната.


Хесе е двократен освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид, иако неговиот придонес во тие сезони не беше премногу сериозен.

По Реал Мадрид, тој изненадувачки потпиша за Пари Сен Жермен во 2016 година, но никогаш не можеше да се избори за место на стартер. Беше на неколку позајмици, како Лас Палмас, Стоук, Бетис, Спортинг Лисабон.

По истекот на договорот со „светците“, тој се најде повторно на Канарските острови, но набрзо се пресели во Турција и потпиша за Анкарагучу во 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови