
Фудбалската репрезентација на Македонија со херојско реми (1-1) против моќната селекција на Англија на арената „Тодор Проески“ го заокружи циклусот од квалификациите за ЕВРО 2024. Првпат во историјата Македонија остана непоразена во Скопје против Англија, а ова е доказ дека оние 7-0 од „Олд Трафорд“, сепак, не се вистински одраз на силите.
Капитенот Енис Барди беше стрелец на водечкиот гол за Македонија во 41.минута. Беше досуден пенал за нашиот национален тим, со одлука од ВАР – собата откако Рико Луис со рака го удри Бојан Миовски во шеснаесетникот.
Пикфорд го одбрани првиот удар на Барди, но нашата „десетка“ одбиената топка знаеше да ја смести во мрежата.
Во вториот дел Англија успеа да израмни. Во 59.минута, веднаш по влегувањето во игра на Хари Кејн, топката по корнерот на Фил Фоден удри во Јани Атанасов и заврши зад грбот на Столе Димитриевски.
Македонија до крајот храбро се бореше, успеа да ги затвори приодите кон голот и се избори за големо реми.
Англија може да жали за дирекот што го погоди Деклан Рајс во 14.минута, но и не може да каже дека создаде многу стопроцентни шанси иако имаше доминација во поле речиси во текот на целиот натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
