Дефанзивецот Марио Хермосо ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот шампион Интер, тврди „Тутоспорт“. Одбранбениот фудбалер не го обнови договорот со Атлетико Мадрид, кој важеше до 30 јуни, и веќе една недела е слободен агент, што „нероазурите“ сакаат да искористат.
Хермосо не подпиша нов договор со „јорганџиите“ и заедно со Мемфис Депај и Габриел Паулиста тројцата го напуштија „Сивитас Метрополитано“.
Од Интер се поврзаа со фудбалерот, кој ја даде својата согласност да дојде на „Џузепе Меаца“, што се очекува да стане официјално многу брзо. Фудбалерот беше поврзуван и со Наполи, но, сепак, претпочита да прејде во италијанскиот првак.
Во изминатата сезона Марио Хермосо одигра 45 натпревари за тимот на Диего Симеоне во сите натпреварувања, постигна два гола и имаше две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













