Connect with us

Хендерсон се враќа во тимот на Ливерпул за дербито со Тотенхем

Капитенот Џордан Хендерсон ќе се врати во тимот на Ливерпул за нивниот дуел од Премиер лигата против Тотенхем, објави менаџерот Јирген Клоп.


Играчот од средниот ред го пропушти дуелот со Наполи поради повреда. Сепак, Џејмс Милнер нема да му биде на располагање на Клоп поради потрес на мозокот.

„Хендо може да игра. Тренираше вчера заедно со другите и се чувствува добро. Неговата повреда не беше сериозна, но имаше болки и затоа не играше на последниот натпревар”, рече Клоп.

„Милнер има различни фази на испитување за потресот на мозокот и тоа ќе го остави надвор од тимот. Тој е добро, но ќе продолжи со целосните тренинзи на почетокот на следната недела“, дополни менаџерот на Ливерпул.

Мечот меѓу Ливерпул и Тотенхем е закажан за в недела во Лондон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови