
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, призна дека сите во тимот се разочарани од ремито против Фулам во првото коло од Премиер – лигата. „Црвените“ одиграа 2-2, откако двапати беа во негатива против новиот премиерлигаш.
„Да, ремито е разочарувачко, но можевме и да го загубиме мечот“. На крајот имавме неколку шанси за победа, но генерално мислам дека можеме да играме многу подобро. Разочарани сме од резултатот и од настапот“, откри Хендерсон.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар против новиот премиерлигаш. На моменти бевме летаргични, не игравме како што знаеме, а кога тоа ќе се случи во Премиер – лигата, тогаш те казнуваат. Единствено позитивно е што реагиравме брзо, особено во вториот дел. Создадовме неколку шанси и можевме да победиме, но мислам дека ремито е фер резултат“, изјави капитенот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
