Клубовите од Премиер – лигата се состанаа за да разговараат за ситуацијата со коронавирусот. По ова, капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, истакна дека е загрижен за здравјето на фудбалерите, за кои, како што истакна, никој не размислува сериозно. „Црвените“ го играат својот петти натпревар за две недели против Тотенхем в недела, и покрај бројните проблеми и скокот на бројката на заразени фудбалери во тимот.
„Мислам дека луѓето не можат да разберат колку е интензивно додека не го видите од прва рака. Фудбалот е за сите нас и сакаме секогаш кога ќе стапнеме на теренот да можеме да настапиме на највисоко ниво. И за жал, тоа е тешко да се направи во овој период. Загрижен сум што никој навистина не го сфаќа сериозно здравјето на играчите“, изјави Хендерсон.
Помошниот тренер на Ливерпул, Пеп Лијндерс, неодамна изјави дека распоредот на натпреварите е „апсурден“, додека тренерот на Челси, Томас Тухел, истакна дека е принуден да ризикува со состојбата на своите играчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













