Connect with us

Хендерсон ќе остане уште три години на „Енфилд“

Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе успее да го задржи капитенот Џордан Хендерсон во тимот и во наредниот период. Раководството на клубот најде заеднички јазик со агентите на англискиот репрезентативец за продолжување на соработката и во наредните три години.

Хендерсон ќе остане на „Енфилд Роуд“ и ќе ги предводи „црвените“ во трката за шампионската титула оваа сезона.

Ливерпул одлично ја стартуваше новата сезона во Премиер – лигата со триумф (0-3) на гости против Норич.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови