Ферхан Хасани од денеска и официјално повторно е дел од Шкендија. Капитенот на „црвено – црните“ од Тетово по шестемсечна пауза повторно се активира, се врати во матичниот клуб и потпиша договор за две и пол сезони.
„Се враќам за повторно да бидеме шампиони. Затоа што Шкендија, Тетово и „Балистите“ тоа го заслужуваат. Среќен сум што се враќам затоа што Шкендија е мојот клуб, клубот каде што пораснав и кој што е во моето срце. Освојувавме титули заедно се радувавме, игравме во Европа. Верувам дека се вратив во вистинско време. Во последните три години додека не бев дел од Шкендија, стекнав големо искуство, а овие нови искуства ме направија уште посилен. Очекувам што побрзо да започне пролетната сезона и да почнам да играм во дресот на Шкендија“, истакна Хасани при потпишувањето на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













