Ферхан Хасани повторно е дел од националниот тим на Македонија и очекува добри изданија на репрезентацијата и на мечевите против Романија, Лихтенштајн и против Германија. Тој вели дека е добро што селекцијата ќе има мечеви со силни селекции пред Европското првенство.
„Подготвени сме сите да го дадеме максимумот. Нема некој посебен притисок, затоа што и претходно овие фудбалери играле по голем притисок. Добро е што ќе играме со силни репрезентации во пресрет на Европското првенство, а селекторот ќе одлучи кој ќе добие шанса. Верувам дека имаме добри шанси на претстојните натпревари од квалификациите за СП“, изјави Ферхан Хасани.
Македонија патот во квалификациите за СП го почнува од Букурешт каде в четврток ќе ги одмери силите со Романија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













