Шкупи со триумф (0-1) против Борец во Велес го отвори пролетниот дел од сезоната, а тоа беше и дебитантски меч во Првата фудбалска лига на Македонија за новиот тренер, турскиот стратег Хасан Озер. Тој е задоволен од победата и од изданието на тимот. Верува дека Шкупи ќе продолжи во ист стил, но и уште поефикасно, на следните натпревари.
„Знаевме дека ќе играме против тим кој претрпе многу измени во составот и дека нема да биде лесно да се победи. Во првото полувреме создадовме само две шанси, но на полувремето се договоривме да притиснеме уште повеќе. Успеавме да создадеме уште повеќе шанси, кои на крајот дадоа ефект, стигнавме до посакуваната победа. Задоволен сум од тимот, новите засилувања исто така имаа добри настапи. Како што ќе одминува времето мислам дека Шкупи ќе биде уште посилен. Треба да продолжиме кон реализација на нашата цел“ , изјави Хасан Озер.
Шкупи во следното коло на домашен терен го пречекува тимот на Академија Пандев.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













