Поранешниот менаџер на Тотенхем, Хари Реднап, даде многу контроверзна изјава, нарекувајќи го новиот селектор на Англија, Томас Тухел, „германски шпион“ и додавајќи дека тој бил испратен во Англија „за да ги уништи“.
Одлуката за назначување на поранешниот тренер на Челси беше пречекана со поделени реакции на Островот, главно поради неговата националност и долгогодишното ривалство меѓу Англија и Германија.
Тухел, сепак, го имаше својот успешен дебитантски настап како селектор на „Трите лавови“ изминативе денови, забележувајќи две победи – против Албанија со 2-0 и против Латвија со 3-0.
„Ми се допаѓаше Герет Саутгејт, навистина ми се допаѓаше, но моравме да освоиме нешто. Ако треба да бидам искрен, мислам дека Тухел е германски шпион. Ви велам. Сериозно, испратен е за да нè уништи. Тој е како Лорд Хоу-Хоу во времето на војната.“
(Лорд Хоу-Хоу е прекар за Вилијам Џојс, кој емитувал нацистичка пропаганда во Велика Британија за време на Втората светска војна.)
„Испратен е со задача: ‘Оди и уништи го тој тим’“, додаде Реднап.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













