
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, веќе тренира со соиграчите откако беше отсутен две недели поради истегнување на мускулот и има шанси да биде на располагање за последниот натпревар на тимот оваа година против Лајпциг в петок.
Капитенот на англиската репрезентација го пропушти и поразот со 2-1 од Мајнц во саботата, што беше и првиот пораз на Баерн Минхен оваа сезона во Бундес-лигата.
Добра вест за Баерн е и враќањето на Алфонсо Дејвис, кој исто така се опоравуваше од слична повреда. Тој денес учествуваше во делови од тимските тренинзи, но останува неизвесен за натпреварот против Лајпциг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal