Connect with us

Хари Кејн: Останувам во Тотенхем

Хари Кејн останува во Тотенхем! Можноста за негов трансфер во Манчестер Сити, кој би бил вреден 175 милиони евра, пропадна. Тој и самиот истакна дека ќе остане во Лондон.

„Беше неверојатно да се почувствува приемот од навивачите на Тотенхем во неделата и да се прочитаат некои од пораките за поддршка што ги имав во последните неколку недели. Ќе останам во Тотенхем ова лето и ќе бидам 100% фокусиран да му помогнам на тимот да постигне успех“, објави Хари Кејн на Твитер.


Кејн се обиде да направи притисок врз управата да го пушти во Манчестер Сити, но Тотенхем остана цврст и на крајот успеа да го „скрши“ Кејн и да го спречи најдобриот играч да замине кај ривалите.


По ова, Пеп Гвардиола ќе мора да се фокусира на нов напаѓач, а можеби и ќе размисли за Кристијано Роналдо, кој се обидува да замине од Јувентус до крајот на летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови