Connect with us

Хари Кејн го „боцна“ Сити и испиша историја за Тотенхем (ВИДЕО)

Тотенхем го победи Манчестер Сити во Лондон со 1-0 и направи голем чекор напред кон пласманот во Лигата на шампионите. Стрелец на победничкиот гол беше капитенот Хари Кејн, кој испиша историја откако го постигна 200. гол во Премиер – лигата, а вкупно 267. гол во дресот на Тотенхем, надминувајќи го Џими Гривс (266). Сега Хари Кејн е најдобриот стрелец во историјата на клубот.

Кекн погоди во 15.минута откако ја искористи грешката на Родри и ја затресе мрежата на „граѓаните“.

Во завршницата, Тотенхем остана со фудбалер помалку, исклучен беше Кристијано Ромеро, но домаќинот издржа со десетмина и победи. На овој меч Антонио Конте не беше на клупата на Тотенхем, тој се опоравува по операцијата на жолчното ќесе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови