Connect with us

Ханси Флик: Видов еден поинаков, позитивен Левандовски

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази задоволство по победата од 2-4 над Селта на „Балаидос“. Според него, оваа победа е многу значајна бидејќи доаѓа токму пред паузата во првенството поради репрезентативните натпревари.

Тој го пофали настапот на напаѓачот Роберт Левандовски, кој беше најдобар на натпреварот и постигна хет-трик.

„По повредата видов еден поинаков, позитивен Левандовски, кој се врати порано од очекуваното. Многу е добро за неговата самодоверба што постигна три гола. Тој беше многу важен за нас минатата сезона“, истакна германскиот стратег.

По хет-трикот на Левандовски и голеадата, Барселона ја намали разликата со лидерот Реал Мадрид на само три бода.

„Одигравме добар натпревар, а во второто полувреме се браневме подобро. Фудбалот е секогаш таков – не е важно што си направил претходно. Второто полувреме ни дава самодоверба за следните натпревари. Гледаме само кон себе. Добро вршевме притисок и сум задоволен од тимот. Секогаш е убаво да се победи пред паузата за репрезентативните натпревари“, изјави Флик по триумфот над Селта во Виго.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови