Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен по убедливата победа 1-5 над Мајорка. На тој начин, неговиот тим ја прекина лошата серија, а тренерот изјави дека е среќен што „ужасниот“ ноември заврши и веќе сме во декември, месец во кој работите повторно се враќаат на своето место.
„За нас е многу важно да постигнуваме голови. Создаваме многу шанси, но ги промашуваме. Среќен сум што овојпат не беше така и успеавме да постигнеме пет гола. Веќе споменав дека сум среќен што ужасниот ноември заврши и започна декември. За мене е важно да постигнуваме многу голови“, изјави Флик.
Тој ги пофали своите играчи, особено Феран Торес и Ламин Јамал.
„Во првото полувреме имавме свои шанси. Ми се допадна како Феран Торес се снајде во улогата на централен напаѓач и успеа да постигне гол. Тој постигна гол за 0-1 и тоа беше важен гол. Ламин е играч кој знае да направи разлика. Тој го изработи пеналот, а потоа создаде и други шанси. Имаме потреба од него, како и од други врвни играчи како Педри, Кубарси, Френки и Рафиња“, додаде Германецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













