
Интер беше блиску до пласман во осминафинале, но на крајот заврши како последен во групата и напролет нема да игра во Европа. На „нероаѕурите“ им беше потребен триумф над Шахтјор Доњецк во Милано, но не успеаја да постигнат погодок.
Капитенот Самир Хандановиќ призна дека Интер потфрлил на двата меча против Шахтјор Доњецк.
„Евидентно е дека Интер се уште не е подготвен за Лигата на шампионите. Победивме само на еден меч од шест и тоа не е доволно. Не заслуживме да се пласираме во осминафиналето. Моравме да постигнеме гол против Шахтјор, но не го направивме тоа на двата меча. Очекував дека и тие ќе играат похрабро, но како да се задоволија со третото место. Секако дека се чувствуваме лошо, но не смееме да тагуваме долго затоа што не чека нов предизвик во Серија А“, изјави капитенот на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal