Марeк Хамшик долги години беше капитен на Наполи и на словачката репрезентација. Минатата година престана активно да игра фудбал, а веднаш се зафати со тренерската работа па сега е на Европското првенство како помошник на словачкиот селектор Франческо Калцони.
Хамшик за време на својата играчка кариера беше познат по својата препознатлива фризура, но со завршувањето на кариерата дојде и крајот на таквиот имиџ.
Во разговор со новинарите пред неделниот натпревар од осминафиналето на ЕВРО 2024 меѓу Словачка и Англија откри дека поради тоа луѓето често не го препознаваат.
„Има моменти кога луѓето не ме препознаваат. Пред неколку дена шетав и налетав на група Македонци кои сакаа да се фотографираат, но сакаа јас да ги фотографирам нив. Ги фотографирав и им реков дека го познавам нивниот поранешен капитен Горан Пандев, но не ми веруваа. Потоа отидоа на Google и на крајот сепак сфатија кој сум, па се фотографиравме заедно,“ раскажа Хамшик и ги насмеа новинарите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski