
Хамес Родригез е нов играч на Рајо Ваљекано. Триесет и тригодишниот колумбиски фудбалер денесја официјално е претставен како ново засилување на мадридскиот клуб.
Тој доаѓа во редовите на шпанскиот клуб како слободен играч од бразилскиот Сао Паоло, каде што настапуваше последната сезона.
Иако имаше забележлив пад во кариерата, Хамес Родригез беше најдобар играч на последната Копа Америка и покажа дека сè уште е класа.
✅ 𝐎𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | @jamesdrodriguez , nuevo jugador del Rayo Vallecano
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) August 26, 2024
👑 El MVP de la Copa América 2024 llega al Club en la temporada del Centenario
¡Bienvenido, James! ⚡️ pic.twitter.com/fBiXdSTJKg
Тој ја започна својата кариера во Енвигадо, од каде во 2008 година се пресели во аргентинскиот Банфилд. Потоа, во 2010 година, Порто го купи за 7,35 милиони евра, а три години подоцна го продаде на Монако за 45 милиони евра.
На Светското првенство во 2014 година во Бразил блесна, беше најдобар стрелец и го постигна познатиот гол против Уругвај, за кој ја освои наградата „Пушкаш“. Истата година, Реал Мадрид го донесе за 75 милиони евра.
Три години подоцна замина на позајмица во Баерн Минхен за да ја оживее својата кариера, а истото се обиде и во Евертон, Ал-Раjан, Олимпијакос, но без успех.
Изгледа дека конечно се врати на патот на старата слава, и ќе видиме колку ќе може да му помогне на Рајо оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
