
Норвешкото чудо Ерлинг Халанд уште една сезона ќе остане на „Сигнал Идуна парк“. Тој донел одлука да остане во дресот на Борусија Дортмунд уште една година со оглед дека нема клуб кој во моментов би платил 150 милиони евра отштета иако неговиот агент Мино Раиола тврди дека Реал Мадрид го подготвува неговиот трансфер.
Халанд би останал во Борусија Дортмунд уште една сезона, а германскиот бундеслигаш не би загубил премногу со оглед дека отштетата паѓа на 75 милиони евра, но тоа е некоја реална сума која можат да ја платат големите европски клубови во услови на глобална финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
„Го гледам секој ден, разговараме, тој ќе остане во Борусија“, изјави Себастијан Кел, задолжен за клупската политика во Борусија Дортмунд заедно со Михаел Цорк.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal