![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/01/haland-supergloub.jpg)
Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, беше прогласен за најдобар фудбалер за 2023 година на 14. издание на „Глоуб Сокер“ наградите, што се одржа денеска на блескавата церемонија во Дубаи.
Својата прва ваква награда Халанд ја освои во силна конкуренција од многу други ѕвезди – Кристијано Роналдо, Мохамед Салах, Џуд Белингам, Бернардо Силва, Лионел Меси, Карим Бензема, Килијан Мбапе, Виктор Осимен и Винисиус Жуниор. Напаѓачот беше избран со комбинирано гласање на фудбалските фанови ширум светот и специјалното жири составено од 30 истакнати фудбалски личности.
Erling Haaland crowned BEST MEN’S PLAYER at the Globe Soccer Awards 2023 👑 pic.twitter.com/WgPPXYVuBM
— Globe Soccer Awards (@Globe_Soccer) January 19, 2024
Норвешкиот интернационалец наградата ја заслужи со неверојатни успеси на индивидуално и клупско ниво. Тој беше важен во историската прва тројна круна на Манчестер Сити минатата сезона, составена од трофеи во Лигата на шампионите, Премиер – лигата и во ФА Купот.
Кон нив тој ги додаде победите во Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Халанд го собори рекордот за најмногу голови во Премиер – лигата минатата сезона, постигнувајќи 36 гола во 35 натпревари во неговата дебитантска сезона во елитната лига на Англија. Во ЛШ беше и водечки стрелец со 12 гола на 11 натпревари.
Наградата на Хaланд не беше единствената за Сити на церемонијата, англискиот шампион be[e прогласен за најдобар клуб и менаџерот Хосеп Гвардиола за најдобар тренер. Роналдо не ја освои големата награда, но си замина со уште три – играч на годината од Блискиот Исток, миленик на навивачите и најдобар стрелец.
Аитана Бонмати од Барселона беше прогласена за најдобра кај жените, а клубот ја презеде наградата за женска екипа. Едерсон од Манчестер Сити беше прогласен за најдобар голман, додека неговиот соиграч Родри беше прогласен за најдобар играч од средниот ред. Вкупно беа доделени награди во 26 категории.
Erling Haaland x Cristiano Ronaldo… 🏆🥶 pic.twitter.com/LZcKjq2tcE
— EuroFoot (@eurofootcom) January 19, 2024
Што се однесува до календарската 2023 година, напаѓачот има постигнато вкупно 50 гола, втор по Роналдо и Мбапе во овој поглед.
„Во Сити има група неверојатни луѓе, како и менаџерот Пеп Гвардиола. Клубот е фантастичен и поддршката што ја добиваме од администрацијата и управата е огромна. Тоа е убав клуб и навистина уживам што сум таму. Ја сакам Лигата на шампионите и беше остварување на голем сон кога ја освоивме. Тоа беше фантастично чувство. Се надевам дека наскоро ќе играм повторно бидејќи малку ми се ‘повраќа’ што не играм“, изјави Халанд по добивањето на наградата.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/medin-bajrami-rabotnicki-80x80.png)
Прва лига
Работнички се засили со Медин Бајрами
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/medin-bajrami-rabotnicki-80x80.png)
Прва лига
Работнички се засили со Медин Бајрами
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/zerar-pike-123-80x80.jpg)