
Репрезентативецот на Мароко, Хаким Зијеч, не е среќен во Челси и официјално побарал од клубот да му даде зелено светло за трансфер оваа зима, пренесуваат англиските медиуми.
Зијеч е фрустриран поради недостатокот на минутажа кај менаџерот на Челси, Грем Потер и сака да игра за клуб каде што следната сезона ќе поминува повеќе време на теренот отколку на клупата.
Сега англиските медиуми тврдат дека Зијеч дефинитивно решил да си замине од Челси, а негова нова дестинација ќе биде Милан со кој се поврзуваше изминатава година.
„Росонерите“ веќе подолго време се во контакт со неговиот агент и моментално интензивно работат на позајмица со обврска да го купат играчот на крајот од сезоната.
Зијеч дојде во Челси од Ајакс за околу 40 милиони евра во летото 2020 година. Неговата сегашна вредност се проценува на 20 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Евро-фудбал
Арсенал го купува капитенот на Брентфорд

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
