
МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Романија е првиот противник на Македонија во квалификацискиот циклус за СП 2022 во Катар. Еден од адутите на романскиот национален тим е Јанис Хаџи, синот на легендарниот Георге Хаџи, од кого многу се очекува и на утрешниот натпревар на Националната арена во Букурешт.
Романците очекуваат триумф, но имаат и голем респект за македонската репрезентација.
„Ова е нов циклус, квалификации за СП 2022 во Катар. Сите селекции имаат свои очекувања, се разбира и желби да одат на завршниот мундијалски турнир. Романија исто така има такви амбиции. Но, сега мали нијанси одлучуваат во фудбалот. Утре не очекува дуел со Македонија која ќе биде учесник на Европското првенство и сигурно поседува квалитет. Наше е да се обидеме да ги победиме и ќе сториме се да оствариме триумф. Подготвени сме за новиот предизвик и веруваме во победа. Сакаме да му подариме триумф и на селекторот Мирел Радои кој не е со нас“, изјави Јанис Хаџи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
