Connect with us

Гвардиола: Следните три натпревари се клучни за титулата во Премиер-лигата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше причина за радост по успехот од 4-1 над Арсенал. Aналитичарите на Островот сметаат дека овој меч беше решавачки во битката за титулата и со победата „граѓаните“ прилично си гарантираа дека ќе бидат радосни на крајот од сезоната.

Сепак, Шпанецот останува претпазлив бидејќи неговиот тим сѐ уште заостанува два бода зад „топчиите“ на табелата. Според него, следните три натпревари ќе покажат дали неговиот тим навистина може да ја постигне целта и повторно да биде шампион.

„Знам дека следните три натпревари ќе бидат клучни. Против Фулам во сабота нема да биде лесно. Погледнете што направи Марко Силва оваа сезона, едноставно е неверојатно. Тие дојдоа од Чемпионшип, но играат брилијантно, особено на нивниот стадион. Потоа ни претстојат уште два тешки натпревари со Вест Хем и со Лидс. Мислам дека овие три натпревари ќе покажат дали сме способни да го направиме она што го сакаме. Арсенал има два бода повеќе во моментов, така што уште не сме шампиони. Ни претстојат многу тешки натпревари како гостувањето кај Брајтон на крајот. Да размислуваме натпревар по натпревар“, изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови