
Денешниот дуел против Лестер ќе биде посебен за Пеп Гвардиола, бидејќи ќе биде неговиот натпревар „број 500“ во сите натпреварувања како менаџер на Манчестер Сити.
Гвардиола ќе стане вториот менаџер со 500 натпревари на чело на Сити, по Лес Мекдауел, кој има 592 натпревари во периодот од 1950 до 1963 година. Од досегашните 499 натпревари, Гвардиола има забележано 354 победи.
Ситуацијата за „граѓаните“ во моментот не е воопшто добра, бидејќи тие имаат само една победа во последните 13 натпревари. Натпреварот против „лисиците“ во Премиер – лигата ќе се одигра денес од 15:30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal