
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го прифати филозофски поразот од 0-2 против Јувентус во Лигата на шампионите. Тој изјави дека неговиот тим одиграл многу добро на овој натпревар, иако резултатот не е позитивен.
Гвардиола сепак верува дека ситуацијата наскоро ќе се подобри.
„Игравме добро, многу, многу добро. Им дадовме малку можности на противникот, организиравме убави контранапади, и горд сум на играчите. Тие дадоа сè од себе. Сепак, изгледа дека во моментов сме во таков период. Се надевам дека резултатите ќе дојдат наскоро. Знам дека во Европа, во Лигата на шампионите, секогаш е тешко. Но, одигравме добар натпревар. Се справивме многу добро, не ја губевме топката како на претходните натпревари, и пробавме сè. Против италијански екипи секогаш е тешко. Тие се одлични во одбраната, многу компактни. Мајстори се за оваа игра. Ние си ја игравме нашата игра. Резултатот не е добар, но нашето претставување беше добро“, изјави Гвардиола.
Овој пораз го доведува во прашање пласманот на неговиот тим во елиминациската фаза, но Гвардиола останува оптимист.
„Имаме уште два натпревари, во кои можеби ќе ни треба само еден бод. Нашите гостувања во турнирот беа прилично тешки, но мора да го прифатиме тоа. Ќе излеземе од оваа ситуација, но не треба да го заборавиме овој период. На тој начин уште повеќе ќе можеме да го цениме сè што постигнавме во минатото и сè што ќе постигнеме во иднина“, додаде Шпанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
