
Манчестер Сити следната сезона би можел да остане без Рахим Стерлинг. Менаџерот Пеп Гвардиола размислува за негова продажба ова лето, откриваат медиумите на Островот.
Гвардиола смета дека Фил Фоден треба да ја добие главната улога во тимот, тој оваа сезона веќе се наметна како предводник и заедно со Кевин де Бруин може да одговори на речиси сите позиции во средниот ред, но и во навалната линија.
Стерлинг е цел на големите европски клубови, а најголем интерес за него покажува Реал Мадрид. Доколку достави понуда од 80 милиони евра, „кралскиот клуб“ би можел да го купи Рахим Стерлинг по завршувањето на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal