
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри како се случил трансферот на Илкај Гундоган. Шпанскиот стручњак изјави дека не се двоумел ниту миг дали да го врати искусниот играч од средниот ред, штом таква можност се појавила пред него.
Гвардиола исто така сподели дека бил изненаден од развојот на настаните и дека самиот Гундоган посакал да се врати на „Етихад”.
„Ова беше големо изненадување и неочекувано за мене. Го познаваме премногу добро. Како јас лично, така и играчите и луѓето во клубот. Знаеме како играше за Барселона минатата сезона. Играшe на високо ниво, со континуитет и одигра многу минути”, коментира Гвардиола.
„Не се сомневавме воопшто, кога се појави оваа можност, така што сме многу задоволни што се враќа назад. Добив порака од Чики Бегиристајн во која пишуваше дека Илкај сака да разговара со мене. Тој ми се јави и ме праша каква е ситуацијата и дали има шанса да се врати, ако го сакам. Веднаш реков „да“, во истиот момент“, додаде Гвардиола.
Илкај Гундоган беше првиот трансфер на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити во 2016 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
