
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше на прес-конференција пред утрешниот натпревар со Реал Мадрид. Двата тима ќе се соочат во првиот дуел од плејофот во Лигата на шампионите на „Етихад“. „Граѓаните“ и „кралевите“ ќе ги вкрстат копјата четврта сезона по ред.
„Секогаш е тешко против Реал Мадрид. Не одигравме доволно добро во групната фаза и не заслуживме директно да се пласираме во осминафиналето. Но, во нашиот тим има нешто посебно и се надевам дека утре ќе го докажеме.
Да, во последните години ривалството меѓу двата клуба е едно од најголемите, но ако ја гледаме историјата на Лигата на шампионите, треба да бидеме искрени и да признаеме дека не можеме да се споредуваме со клубови како Реал, Баерн, Барселона или Милан“, изјави Гвардиола.
Тој верува во тимот, иако Манчестер Сити не се наоѓа во најдобра форма оваа сезона.
„Дали овојпат сме аутсајдери? Не знам. Мислам дека двата тима имаат проблеми оваа сезона во однос на повредите. Реал се справи подобро од нас, ако се земе предвид дека сè уште се на врвот на Ла Лига и се борат за титулата. Тоа ја покажува нивната константност. Сме се соочувале со нив многупати и знаеме дека во тешките моменти го даваат најдоброто од себе. Секако, мора да одиграме два добри натпревари за да продолжиме понатаму. Знам на што сме способни и се надевам дека ќе се претставиме добро. Ако победиме, тоа може да ни даде голем поттик за остатокот од сезоната.
Сè уште имам целосна доверба во играчите кои ни го донесоа ова неверојатно десетлетие. Совршено знам на што сме способни. Се подготвивме и се надеваме на добар настап“, изјави Шпанецот.
Пеп Гвардиола ја призна огромната класа на напаѓачите на Реал Мадрид, Мбапе, Винисиус, Белингем и Родриго.
„Невозможно е да се контролираат овие играчи сите 90 минути. Тие се неверојатни – комбинираат со брзина, трчаат многу брзо, знаат да играат еден на еден, вешти се во задржување на топката. Сите четворица се исклучителни. Нашата цел е да го ограничиме нивното влијание на натпреварот што е можно повеќе“, призна менаџерот на Сити.
Тој беше запрашан и за скандирањата на навивачите на Лејтон Ориент дека ќе биде „отпуштен наутро“, откако Манчестер Сити мораше да прави пресврт во ФА Купот.
„Не мислам дека ќе бидам исфрлен на улица. Немам чувство дека се борам за своето работно место во моментов. Тука сум поради сè што освоив со тимот во претходните сезони“, изјави Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
