
Манчестер Сити во недела од 15 часот го игра натпреварот од 35. коло на Премиер – лигата на гостувањето кај Евертон. Тимот на Гвардиола има натпревар помалку и бод повеќе од Арсенал и е огромен фаворит за одбрана на титулата.
Сити може направи еден погрешен чекор во последните четири лигашки натпревари, но тоа Гвардиола не сака да го дозволи.
Сепак, покрај тоа што треба да ја брани титулата англиски шампион, Манчестер Сити веќе во вторник го игра реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал.
Сити и Евертон требаше да играат во сабота, но натпреварот беше преместен за недела бидејќи Ливерпул е домаќин на Евровизија и немаше да има доволно полиција за да ги покрие двата настани.
На прес-конференцијата пред натпреварот, Гвардиола зборуваше за проблемот со пренатрупаноста и за тоа дека Реал Мадрид кој во сабота го игра првенствениот натпревар ќе има ден повеќе одмор од неговиот тим.
„Играме во недела, многу ви благодарам. Навистина не го разбирам тоа, но немам намера повеќе да се борам. Верувам дека Премиер – лигата сака да им помогне, а не да се откаже од своите клубови во борбата во европските натпреварувања. Се сомневам дека сакаат да ни отежнат. Не е проблем тоа, проблемот е распоредот и огромниот број натпревари кои се играат“, изјави Гвардиола и продолжи:
„Не можевме да играме во сабота затоа што има, што, Евровизија? Немаме доволно полиција за да ги обезбедиме двата настани и така е. Мораме да се прилагодиме на тоа. Размислувам само за Евертон затоа што сум сигурен дека Арсенал ќе победи на сите натпревари до крајот. Работевме за ова 11 месеци, не можеме да размислуваме само за Реал“.
Гвардиола е на прагот да ја освои петтата шампионска титула со Сити во седумте години колку што е на „Итихад“. Покрај тоа, тој освои еден ФА Куп и четири Лига купови, но Барселона и понатаму е единствениот клуб со кој успеа да ја освои Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
