Connect with us

Гвардиола: Не е лесно да се игра против тим што се брани со осум играчи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е незадоволен по елиминацијата на неговиот тим во полуфиналето на ФА купот на Англија. Тој ја откри и причината за поразот од Челси.


„Игравме добро во последните петнаесетина минути. Се трудевме да пронајдеме можност за израмнување, но не успеавме и честитки за Челси за победата. Примивме гол, но добро реагиравме на тоа, особено откако влегоа Фил Фоден и Илкај Гундоган. Не е лесно да се игра против тим што се брани осум играчи. Генерално, добро ја контролиравме топката, но не создадовме многу чисти шанси и затоа сме елиминирани“, изјави Гвардиола.

Покрај поразот, Манчестер Сити го загуби и најдобриот фудбалер Кевин де Бруин, кој заработи повреда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови