Европските лиги ги очекува мало здивнување околу божиќните и новогодишните празници. Тука, секако, се издвојува англиската Премиер – лига.
По традиционалниот фудбал на „Боксинг деј“, наредното коло започнува само два дена подоцна. Ова е особено проблематично со оглед дека тимовите се десеткувани поради коронавирусот. За овој проблем претходно зборуваше Јирген Клоп, а свое мислење даде и Пеп Гвардиола.
Менаџерот на Манчестер Сити најави и можен отпор.
„Дали играчите и тренерите треба да се договорат и да штрајкуваат или да направат нешто слично? Очигледно зборовите не се доволни“, праша стратегот на „граѓаните“.
Но, на директно прашање дали го поддржува штрајкот, тој даде поинаков одговор.
„Мислам дека тоа нема да се случи. Сакаме да играме и сакаме да ги радуваме луѓето. Ќе играме на 26 и 27 и 29 и 31-ви и 1-ви затоа што ние го сакаме тоа. Не велам дека има причина за штрајк“.
Минатиот викенд беа одложени шест од десетте натпревари во Премиер – лигата, како и два натпревари закажани за 26 декември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













