
Ривалството меѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, две од најголемите тренерски имиња во модерниот фудбал, повторно излезе на површина со размена на изјави кои предизвикаа бура во јавноста.
Сѐ започна по поразот на Манчестер Сити од Ливерпул на „Енфилд“, кога Гвардиола на провокациите од трибините одговори со подигање на шест прста, симболизирајќи ги титулите што ги има освоено во Премиер – лигата како тренер на Сити. Многумина го поврзаа неговиот потег со сличните реакции на Жозе Мурињо, кој во минатото одговараше со подигнување на три прста, означувајќи ги титулите што ги освои во англиската лига.
Мурињо, кој моментно е тренер на Фенербахче, не остана должен. Во својот стил, тој ја искористи приликата да го потсети својот ривал на тековната истрага против Манчестер Сити за наводни прекршувања на финансискиот фер-плеј.
„Јас титулите ги освоив чесно и чисто. Кога губев, секогаш им честитав на противниците. Не сакам да победувам со помош на сомнителни зделки и да се справувам со стотици судски тужби“, изјави Мурињо.
Гвардиола, познат по својата прецизна реторика, одговори мирно, но со доза на сарказам.
„Се шегував , но очигледно Мурињо е уште еден од оние кои сакаат да го видат Сити во четвртата лига. Би рекол дека сме невини додека не се докаже спротивното. Жалам ако мојот потег го навредил, но тоа беше само шега. Факт е дека тој има три титули, а јас шест“, истакна Пеп Гвардиола.
Сега веројатно повторно на потег е Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
