Connect with us

Гвардиола: Му се восхитувам на Анчелоти, но Сити сака во финале

Шпанскиот стручњак и менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид изјави дека очекува „непредвидлив“ натпревар.


Во првиот натпревар Сити на домашен терен го победи Реал со 4-3.

„Во вакви натпревари има моменти кога си подобар на теренот и моменти кога си инфериорен. Играта никогаш не е изедначена за сите 90 минути. Фудбалот е непредвидлив, понекогаш си подобар и губиш, а понекогаш е обратно“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата.

„Имаме големо искуство во вакви натпревари. Но, секој натпревар е различен. Има многу околности кои влијаат на натпреварот. Какво ќе биде расположението на момците? Како ќе се разбудат наутро? Нема гаранција дека ќе играме добро. Ќе се обидеме да бидеме подобри, да се пласираме во финалето“, изјави Гвардиола.

Тој потенцира дека се „восхитува на фудбалската и тренерската кариера“ на тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

„Тој ги тренираше најголемите клубови во најголемите земји, и секогаш постигнуваше добри резултати. Тој знае што да прави на секој натпревар. Покрај тоа, тој е исклучителна личност. Тој е многу мирен, знае како да ги контролира своите емоции и мислам дека неговите тимови го претставуваат перфектно“, изјави Гвардиола.

Реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е закажан за утре од 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови