![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2022/10/gvardiola-i-ten-hag.jpg)
Првото дерби на Манчестер оваа сезона ќе биде во сосема поинакво издание, пред се поради големите промени кои се случија во црвениот дел на градот во текот на летото.
Како што е познато, Ерик Тен Хаг го наследи Ралф Рангник и го започна долгиот процес на револуција што навивачите го чекаа од заминувањето на Алекс Фергусон. Може да се каже дека Тен Хаг ги доби засилувањата што ги посакуваше, бидејќи Лисандро Мартинез, Тајлер Маласија, Кашемиро, Кристијан Ериксен и Антони пристигнаа со јасна цел – по цела деценија повторно да се најдат пред „синиот сосед“.
Овој дуел има посебно значење поради средбата на старите познаници – Пеп Гвардиола и Ерик тен Хаг. Малкумина знаат дека Тен Хаг пристигна во Баерн Минхен во истото лето со Каталонецот, во 2013 година. Во исто време, Тен Хаг беше дел од аналитичкиот штаб на Пеп и заедно соработуваа на тренинзите.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2022/10/gvardiola-i-ten-hag-2.jpg)
Самиот Тен Хаг подоцна призна дека дошол да раководи со резервниот тим на Баерн Минхен, во четвртиот ранг на германскиот фудбал, само за да научи од Пеп Гвардиола, најдобриот ученик од школата на Јохан Кројф. Тен Хаг забележа одлични резултати уште во Германија, со Баерн Минхен II го освои шампионатот, регионалната лига на Баварија. Интересно е што во тој период ги имаше 17-годишниот Пјер-Емерик Хојбјерг, сегашниот ас на Тотенхем, 18-годишниот Џулијан Грин, како и Тобијас Швајнштајгер и Стивен Рибери, помладите браќа на далеку попознатите играчи со исто презиме – Бастијан и Франко.
По две години во Минхен, Тен Хаг ја доби својата прва голема работа во Утрехт, каде што продолжи да го гради својот пат и големото име. Тој беше под големо влијание на Гвардиола, тој ја усвои неговата формација 4-2-3-1 која Пеп ја користеше само во Минхен. Тен Хаг го гледаше првиот тим на тренинзите и им го пренесе знаење на резервите за високиот пресинг, играта со многу додавања и доминација во сите области на теренот, што подоцна го спроведе во Утрехт и во Ајакс.
Токму Пеп Гвардиола прв му го „препорача“ поранешниот колега од Минхен на големиот градски ривал, пред точно шест месеци.
„Ако ми беше дадена задача да разговарам со раководството на Јунајтед за да им дадам совет, ќе им кажам „луѓе, донесете го тој човек“. Тој е одличен тренер, не се сомневам во тоа. Дури верувам дека би можел да го тренира овој тим на Манчестер Сити. Ќе дојде денот кога ќе заминам и тогаш дефинитивно ќе го препорачам Тен Хаг“, изјави Гвардиола.
Тен Хаг постојано го нагласуваше влијанието на Пеп Гвардиола врз неговата тренерска кариера, а особено му се восхитуваше на Каталонецот во интервјуто во 2020 година.
„Неговата филозофија е сензационална. Тоа што го направи со Барселона, Баерн Минхен и сега Манчестер Сити го промени фудбалот како игра. Секогаш игра атрактивно, офанзивно, но и постигнува резултати. Тоа е нешто што се обидувам да го направам и во Ајакс. Неговата единствена грешка беше во првата сезона во Сити кога ја потцени моќта и брзината на Премиер – лигата, но тоа веднаш го увиде и ги доведе играчите со кои ја започна доминацијата која трае до ден денес. Не е тврдоглав, можеби во својата филозофија, но ја прилагодува на лигата во која игра, за да ја добие најдобрата форма. Пеп никогаш ништо нема да прости, освојува трофеи, победува и ги поместува границите на фудбалот и затоа сите чекаат еден пораз за да го критикуваат. Се адаптираше во најсилните фудбалски земји Шпанија, Германија и Англија и го подигна фудбалот на повисоко ниво. Никој не е толку брилијантен како Пеп“, нагласи Ерик тен Хаг.
Денеска старите познаници ќе имаат меѓусебна пресметка на „Итихад“.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/luk-so-junajted-4-80x80.jpg)
Меѓународен фудбал
Лук Шо повторно се повреди и ќе отсуствува еден месец
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/10/musijala-baern-555-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Баерн е блиску до нов договор и со Мусијала
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/FB_IMG_1738680708582-80x80.jpg)
Прва лига
Беса убедлива на тестот со Брегалница
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/Gi9eFDdWgAEJ9t5-80x80.jpeg)
Евро-фудбал
Алфонсо Дејвис останува во Баерн до 2030 година
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/FB_IMG_1738696144210-80x80.jpg)
Интернационалци
Висар Муслиу потпиша за Сент Труден
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250204_175211-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Милан го промовираше Жоао Феликс
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/10/luka-stankovski-radnicki-kraguevac-2-80x80.jpg)