
Пеп Гвардиола призна дека малку си „поиграл“ со проценката дека Манчестер Сити има само „еден процент“ шанса да го елиминира Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Тимот на Гвардиола губи со 2-3 по првиот меч на „Етихад“, а во пресрет на реваншот во Мадрид, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, се пошегува дека дури и Гвардиола не верува во својата претходна проценка.
„Излажав за еднопроцентната шанса. За првпат излажав“, рече насмеаниот Гвардиола.
„По 2-3 никој не ни даваше ниту толку. Ова не е најдобар резултат, но можеме да се носиме со тоа. Карло нема потреба да ми кажува ништо пред мечот“, истакна менаџерот на Сити.
Слабата форма на Сити во Премиер – лигата ги намалува очекувањата дека ќе успеат да го елиминираат Реал, но Гвардиола доби позитивни вести – Ерлинг Халанд се врати на тренинг по повредата на коленото од мечот со Њукасл (4-0).
Освен него, во тренинг кампот беа и Рубен Дијаш, Нејтан Аке и Џек Грилиш, кои го пропуштија дуелот со Њукасл.
„Патуваа со нас. Ќе видиме дали ќе играат, но добро е што се тука“, изјави Гвардиола.
За своите гостувања на „Сантијаго Бернабеу“, тој додаде: „Имам неверојатни спомени – некои многу добри, некои не толку. Но едно е сигурно – тука никогаш не е лесно.“
На прашањето како ќе се спротивстават на Реал, Гвардиола беше јасен:
„Треба да играме храбро, да бидеме свои. Мора да одиграме речиси перфектен натпревар, ако сакаме да го елиминираме Реал.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
