Connect with us

Гвардиола мора да испорача резултат и во Лигата на шампионите

Манчестер Сити е убедлив лидер во Премиер – лигата, но три години по ред отпаѓа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола се надева дека оваа сезона ќе оди до крајот со „граѓаните“, а четвртфинална пречка за тимот е Борусија Дортмунд. Вечерва на „Итихад“ се игра првата пресметка.

Пеп Гвардиола истакна дека е екстремно тешко да се освојат сите четири титули оваа сезона со оглед дека се игра со забрзан ритам. Но, елитата секако се докажува со трофеј во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ имаат низа од седум меча во ЛШ без примен гол, но вечерва ќе треба да го сопрат Ерлинг Халанд, норвешкото чудо кој безмилосно ги тресе мрежите. Тој постави нов рекорд откако за најбрзо време постигна 20 гола во Лигата на шампионите, но од друга страна Манчестер Сити ја има традицијата на своја страна откако имал успех на 10 од последните 11 дуели со германски екипи.

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ најмногу е загрижен за дефанзивната линија во тимот. „Милионерите“ примија дури десет гола на последните пет натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови