
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сè уште верува дека Ливерпул е најголем конкурент на „граѓаните“ за првото место во Премиер – лигата, како и секогаш откако тој пристигна да работи во Англија. Шпанецот вели дека воопшто не посветува внимание на моментниот поредок на табелата, според кој Ливерпул заостанува 13 бода зад Манчестер Сити, иако со натпревар помалку, бидејќи одлично ги познава квалитетите на „црвените“.
„Отсекогаш беше тешко против Ливерпул во текот на годините откако сум тука. Ќе биде повторно тежок натпревар, не очекувам ништо поинаку. Натпреварот ќе се решава на теренот, а не според привремениот пласман. Знаеме какви квалитети имаат, а и тие ги знаат нашите квалитети. Ако преостануваат три натпревари до крајот на сезоната, би рекол дека немаат шанси да стигнат до врвот во лигата, но со толку многу натпревари плус околностите со Светското првенство, сè може да се случи и Ливерпул отсекогаш бил наши најголем ривали, така е сега и така ќе биде“, изјави Гвардиола.
Тој најави дека Ерлинг Халанд и Бернардо Силва ќе бидат стартери на дуелот.
„Џон Стоунс ќе се врати за една недела или најмногу десетина дена. На Калвин Филипс му оди добро, но Кајл Вокер е надвор од теренот. Ерлинг и Бернардо беа малку уморни, но сега се чувствуваат добро и се подготвени за натпреварот во недела“, изјави Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
