Манчестер Сити повторно ќе биде без Родри за утрешниот домашен натпревар против Евертон. Ова го откри менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, кој на денешната прес-конференција зборуваше и за други интересни теми.
„Нема новости околу Родри. Не е подготвен за утре и не знам кога ќе се врати. Омар Мармуш и Рајан Ајт-Нури тренираа вчера и се многу, многу подобри. Тие се блиску до враќање. Ковачиќ можеби е подготвен за 50-60 минути.
Влијанието на Грилиш во Евертон е огромно од првиот ден. Игра добро и тоа е она што го посакуваше. Тој е неверојатен човек, но поради различни причини не играше многу за нас во последно време. Сега се врати во „бизнисот“ и игра на секој натпревар. Правилата се такви што не може да настапи против нас. Кога ќе станам извршен директор или претседател на голема институција во Англија, можеби ќе ги променам. Би било убаво да игра“, изјави Шпанецот.
Во врска со изјавата на Карлес Планчарт дека Гвардиола треба да го напушти Сити и да земе одмор за одредено време, а потоа да најде нов предизвик, Пеп одговори:
„Тој е во право. Ќе почнам да размислувам за тоа во 2035 година. Во животот најубаво е кога имаш различни нови проекти.
Мислам дека сè доаѓа природно – од клубот, од тренерот или од играчите. Ќе се случи природно, особено во клуб како овој, каде што имам толку блиски односи со сите – од претседателот до последниот човек. Ние сме неверојатно искрени и кога ќе почувствуваме дека треба да направиме чекор, ќе го направиме. Не станува збор само за мене, знаете колку луѓе од мојот тим се смениле? Секој има свои сопствени желби, тоа е нормално. Сега сум тука, ќе видиме во иднина.
Гвардиола зборуваше и за одличната форма во која се наоѓа Ерлинг Халанд.
„Да, мислам дека ова е најдобрата форма во која бил досега. Во моментов се справува навистина добро. Неговото ниво на игра е исклучително. Но, не можеш секогаш да го одржуваш тоа ниво. Кога ќе има пад, јас ќе бидам покрај него. Ние ќе бидеме покрај него. Само треба да го одржуваме неговото ниво. Тој нема потреба од комплименти и ништо посебно. Да оди на Светското првенство во САД – за него и за Норвешка тоа е навистина, навистина убаво и важно.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













