Connect with us

Гвардиола: Ќе одиме да победиме и во Дортмунд

Манчестер Сити многу потешко од очекувањата дојде до триумф (2-1) против Борусија Дортмунд во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Фил Фоден со гол во 90.минута извлече победа на „Итихад“ за домашниот тим, откако Марко Ројс неколку минути подоцна постигна гол кој им дава реални надежи на „милионерите“ за пласман во полуфиналето.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, вели дека неговиот тим ќе оди на победа и во Дортмунд.

„Нема лесни противници и мечеви во Лигата на шампионите, посебно во оваа фаза од натпреварувањето. Борусија Дортмунд е тим преполн со талент и добро е што на крајот сепак победивме. Двомечот е комплетно отворен и ние ќе патуваме во Германија со намера повторно да победиме“, изјави Пеп Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови