Connect with us

Гвардиола инсистира Манчестер Сити да тргне по Ерлинг Халанд

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, побара од раководството на клубот да се вклучи во битката за норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Одличниот голгетер на лето ќе ја напушти Германија и ќе го промени клубот, а според пишувањата на медиумите најголеми се шансите да потпише за Реал Мадрид.


Сепак, Гвардиола бара клубот да биде активен и да се обиде да го убеди Халанд да дојде на „Итихад“.

Отштетната клаузула за Халанд следното лето ќе изнесува 75 милиони евра, но вкупната вредност на трансферот ќе достигне и до 250 милиони евра.

Манчестер Сити оваа сезона речиси и да игра без класичен напаѓач. Клубот не успеа да го доведе и Хари Кејн, кој беше прва трансферна цел минатото лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови