
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не драматизираше по ремито 1-1 против Астон Вила. Тој беше задоволен од залагањето на своите играчи, иако имаше забелешки за нив. На крајот на краиштата, тој изјави дека и тие се луѓе и нормално е да се прават грешки.
„Тоа беше добар натпревар. Во првото полувреме речиси ништо не му дозволивме на противникот. Имавме проблеми да создаваме шанси, но го контролиравме развојот на натпреварот. Во вториот дел бевме подобри. Се обидовме да постигнеме втор гол. но во една ситуација не се браневме добро од десната страна и тие израмнија. Астон Вила не создаде ништо, освои бод со еден шут. Не бевме доволно прецизни во последната третина од полето. Некои од играчите ги згрешија основните работи, но и тоа се случува, тоа е нормално. Зедовме бод и продолжуваме понатаму. И ние сме луѓе, па нормално е да правиме грешки“, изјави Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
