
Пеп Гвардиола се огласи по завршувањето на градското дерби во кое Манчестер Сити со убедливи 3-0 го совлада Манчестер Јунајтед. Со оваа победа „граѓаните“ ја прекинаа серијата од два порази во Премиер – лигата, а воедно по четири меча конечно славеа и против „црвените ѓаволи“.
„Во овој преоден рок променивме многу работи. Последниве два-три дена многу разговаравме за тоа какви треба да бидеме – не тактички, туку во однос на духот и јазикот на телото. Ова е само еден натпревар“, изјави Гвардиола.
Победата дојде во вистински момент за Сити, бидејќи следниот предизвик е стартот на Лигата на шампионите. На 18 септември, на „Етихад“, англиските вицешампиони ќе го пречекаат актуелниот италијански првак Наполи во првото коло од групната фаза.
„Сакам да бидам менаџер кој им дозволува на играчите да играат фудбал. Денес можеби има еден или два тима кои го прават тоа, а останатите играат човек на човек. Така што, оставете го Ерлинг Хaланд еден на еден. До последниот ден ќе се трудам да играме на начинот на кој играме веќе десет години. Но, ќе се адаптираме“, додаде менаџерот на Сити.
На крај, Гвардиола го истакна огромното значење на Ерлинг Халанд, кој беше двоен стрелец во дербито.
„Ерлинг е неверојатен. Оваа сезона е подобар од кога било. Би рекол дури подобар од сезоната кога ја освоивме тројната круна. Многу е динамичен. Головите се она што го сакаме од него, но и помошта што му ја дава на тимот“, заврши стратегот на „граѓаните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
