
На два месеци до крајот на првенството Манчестер Сити има три бода повеќе од Ливерпул и подобра гол – разлика. Во следното коло избраниците на Пеп Гвардиола гостуваат кај Вест Хем, а во последниот меч ќе ја пречекаат Астон Вила.
По големата победа на Манчестер Сити над „волците“ во Премиер – лигата, менаџерот Пеп Гвардиола проговори за доаѓањето на Ерлинг Халанд во неговиот тим.
„Мислам дека тоа е одличен потег на раководството на клубот за во иднина. Добивме одличен напаѓач, кој сигурно долги години ќе го носи дресот на Сити. Ја сакам својата работа, бидејќи ќе имам можност да работам со уште еден врвен ас, а врвните играчи создаваат добри менаџери“, изјави Гвардиола.
Шпанскиот тренер вели дека Халанд нема да има никаков притисок во дресот на Сити.
„Тој нема да има апсолутно никаков притисок. Одбраната никогаш не зависи само од стоперот, ниту пак нападот зависи само од шпицот. Важно е да победуваме како тим и секој да има свој придонес во тоа. А Халанд сигурно ќе ни донесе голем дополнителен квалитет. Имаме уште два натпревари за одбрана на титулата. Целосно сме фокусирани на тоа“, јасен е Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина
