Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека неговиот тим е значително поквалитетен со напаѓач како Ерлинг Халанд, но и потенцира дека тоа не значи ништо во пресрет на почетокот на новото издание во Лигата на шампионите.
„Сите играчи со кои клубот реши да потпише оваа сезона дојдоа во обид да не направат подобри, бидејќи спротивното не е логично. Дали ова ќе ни помогне да ја освоиме титулата во ЛШ? Не знам. Секогаш имам верба, но ако се потпреме само на рамениците на Ерлинг, нема да ја освоиме Лигата на шампионите. Она што треба да го направиме е да играме добро, да создаваме шанси за да му помогнеме да постигне гол и се надевам дека ќе го направиме тоа“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити вечерва и гостува на Севилја на отворањето на новата сезона во елитното европско клупско натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













