
Менаџерот Пеп Гвардиола тврди дека нема дефанзивец кој може да го запре Ерлинг Халанд, откако неговиот напаѓач вторпат по ред постигна хет-трик. Манчестер сити вчера победи со 1-3 на гостувањето кај Вест Хем во третото коло од Премиер лигата, а извонредниот норвешки напаѓач стигна до својот седми гол во лигата.
„Ерлинг е незапирлив. Нема стопер кој може да го запре. Ниту со пиштол. Толку е незапирлив. И сите го знаат тоа,“ изјави Гвардиола.
Халанд ја започна својата трета сезона во Манчестер сити и Премиер лигата на импресивен начин. На стартот постигна гол против Челзи во победата од 2-0, а потоа со три гола го водеше тимот до победа од 4-1 против Ипсвич. Вчера повторно беше инспириран, а сето тоа го натера тренерот Пеп Гвардиола да му упати огромни пофалби.
„Оваа сезона ја подобри својата игра во сите сегменти. По тренинзите останува дополнителни 20 минути или половина час. Минатата сезона тоа не го правеше ниту еднаш. Среќни сме за хет-трикот, но тој во овој натпревар беше вклучен во сите сегменти од играта. Не загуби ниту една топка и играше неверојатно, не само со топка, туку и дефанзивно и офанзивно. Навистина сум задоволен“, истакна менаџерот на Манчестер сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Интернационалци
Никола Ѓоргев потпиша за португалскиот Фаренсе
