Манчестер Сити размислува за повторно ангажирање на дефанзивецот Педро Поро ова лето. Репрезентативецот на Шпанија беше клучен играч за Тотенхем од почетокот на сезоната, откако лондончани првпат го потпишаа на позајмица од Спортинг во јануари минатата година, пред да платат откупна клаузула од 40 милиони евра.
Според информациите во Англија, Гвардиола во Поро гледа идеална замена за Кајл Вокер, кој има договор со Сити до 2026 година, но во мај полни 34 години.
Педро Поро беше во сопственост на Манчестер Сити меѓу 2019 и 2022 година, но немаше ниту еден настап бидејќи беше позајмен на Валјадолид и на Спортинг Лисабон.
За 24-годишниот Шпанец се вели дека е заинтересиран и Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













