Манчестер Сити го загуби финалето на Лигата на шампионите од Челси, а во поразот секогаш се наоѓаат виновници. Аналитичарите пронаоѓаат дупка во тактиката на Шпанецот кој реши да истрча на теренот без класичен дефанзивен играч за врска. Кон крајот на првото полувреме, Мејсон Маунт успеа да го искористи просторот и со одлично додавање го пронајде Каи Хаверц кој со дебитантски погодок во ЛШ му донесе трофеј на Челси.
„Јас го направив она што мислев дека е најдобра одлука за тимот. Беше тесен натпревар, а ние имавме неколку шанси. Бевме брилијантни во второто полувреме, бевме храбри, но не можевме да ги реализираме шансите бидејќи беа тие беа толку многу силни во одбраната. Знам дека Манчестер Сити во идните години ќе биде најдобриот тим во светот. Сега треба да се одмориме, а потоа да се подготвиме за следната сезона“, изјави Пеп Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













