
Фил Фоден и Џек Грилиш го декласираа Лидс, а потоа решија да се опуштат на ноќниот живот, па затоа не беа во составот на мечот против Њукасл.
Со денови се шпекулираше за одлуката на Пеп Гвардиола да ги отстрани и двајцата од тимот, а сега се појавија деталите.
По победата над Лидс, Фоден и Грилиш решиле да излезат на ноќна забава, а Гвардиола и стручниот штаб не беа задоволни од она што го видоа следниот ден на тренингот за опоравување.
Се претпоставува дека Фоден и Грилиш биле „среќни“ наутро, дека се уште имале алкохол во себе, па Пеп решил да ги стави на „ладење“.
“Не, тоа не беше одлука поради замор и ротација. Решив да уфрлам играчи на теренот кои заслужуваат да играат. За време на Божиќ многу повеќе внимавам на однесувањето надвор од теренот и кога тоа не е пристојно. Тоа дефинитивно ќе влијае на минутажата на поединци. Мораме да бидеме константно фокусирани, да не дозволиме празничната атмосфера да не вознемирува. Секој играч мора да биде професионалец во секое време и да остане фокусиран“, изјави Пеп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
