
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го пофали фудбалерот од средниот ред, Фил Фоден, по победата од 3-1 на домашен терен против градскиот ривал Манчестер Јунајтед. „Граѓаните“ направија пресврт во дербито на колото во Премиер – лигата.
23-годишниот англиски репрезентативец постигна два гола и во голема мера беше „виновен“ за пресвртот во корист на Манчестер Сити.
„Ако знаете како да донесете победа за вашиот тим, станувате фудбалер од светска класа. Сите играат добро, но вие мора да можете да ја обезбедите победата и тој го направи токму тоа. Што повеќе да кажам? Тој ќе биде легендарен играч бидејќи во неговата кратка кариера учествуваше во најважните натпревари, постигнуваше голови, освојуваше титули. Фоден е најдобриот играч на сезоната, со сета почит кон другите неверојатни играчи“, изјави Гвардиола.
Фил Фоден одигра 40 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 18 голови и 10 асистенции за Манчестер Сити во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
